ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Ребека Јанковска-Ристески: Државата врти глава за аутистичните лица

Ребека Јанковска-Ристески / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

„Невозможна“ мисија е отварање дневни центри за аутистични лица во државата. Со години се лобира, со години празни ветувања, а целиот товар е на семејството, вели Ребека Јанковска-Ристески, родител и активист за права на децата со аутизам.

Таа во разговорот за Утрински печат со емотивна приказна за својот аутистичен син кој всушност е приказна за сите други родители кои се соочуваат со предизвици и искушенија во одгледувањето и грижата за овие деца кои кога ќе пораснат неизвесно е како би продолжиле по својот животен пат, заборавени од општеството.

Добри практики постојат во развиените западни земји кои имаат традиција за грижа и одгледување на оваа категорија граѓани кои дури и ги мотивираат тимовите кои работат со децата со аутистичен спектар финансиски и низ други повластени форми. Во Нов Зеланд на пример, кога лицето ќе наполни 21 година државата го презема од семејството и го финансира неговиот престој, социјализација, анимација и го подготвува за натамошниот живот во институција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот