ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Оливер Ристовски: Изборите нема да чинат повеќе од десет проценти ако се одвоени

Оливер Ристовски, член на ДИК / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Членот на ДИК Оливер Ристовски во интервју за „Слободен печат“ изјави дека Државната изборна комисија (ДИК) е подготвена за спроведување на изборите во било кое време, но дека ДИК не треба да се меша во политичките ставови на партиите околу терминот на одржување на изборите.

Ристовски ги демантираше шпекулациите околу цената на чинење на изборите, меѓу кои и изјавата на претседателот на ДИК Александар Даштевски, дека доколку бидат одвоени ќе чинат 30-40 проценти повеќе. Според Ристовски разликата нема да биде поголема од десет проценти.

Најголемиот дел од буџетот определен за изборите оди на фиксните трошоци без разлика дали тие се споени или одвоени, а тоа е платената политичка кампања на партиите и претседателските кандидати, како и трошоците за печатење на изборниот материјал и избирачките списоци.

Не е точно, вели Ристовски дека доколку изборите се одвоени трошоците за членовите на Избирачките одбори ќе биде дупло поголема затоа што тие ќе спроведат два изборни циклуси и ќе бидат платени како за два без разлика дали ќе бидат споени или одвоени.

-Единствено зголемени трошоци може да има во гласањето на дијаспората, во ДКП-еата тврди членот на ДИК Оливер Ристовски, но тоа кај парламентарните избори може и да не се случи.

Целото интервју со Оливер Ристовски погледнете го тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот