ВИДЕО ИНТЕРВЈУ: Добрила Кацарска, претседателка на Уставниот суд: Има судии чие место не е во судството

Добрила Кацарска, претседателка на Уставен суд/Фото: Слободен печат

Македонија има судии, обвинители и адвокати со кои може да се гордее. Но, за жал, има и такви чие место не е во судството. Тоа мораме да го признаеме и со овој проблем, а за да се врати довербата во судството, институциите мора да се позанимаваат. Зашто ако постојано се зборува за корупција, а немаме конкретни предмети, тогаш како ќе ја вратиме довербата, вели Добрила Кацарска, претседателката на Уставниот суд.

Никој не треба да биде надвор од законот, никој не треба да биде заштитен. Сум осудила високи функционери, оние што посегнаа по уставното уредување на Република Северна Македонија врз основа на докази и на факти. Сите ние сме должни да ги почитуваме уставот и законите, без оглед кој на која функција е треба да одговара за сторено кривично дело.

Ова во интервјуто за „Слободна ТВ“ го изјави Добрила Кацарска, претседателката на Уставниот суд, која говори за тежината на судската професија каде што има место само за вистински професионалци, за чесни судии, но и за слабостите на судскиот систем, корупцијата, врските, политичките влијанија…

– Ние судиите меѓу себе многу добро се познаваме. Точно знаеме кој каков судија е и како човек и како судија. Не бевме нешто многу изненадени од таканаречените бомби, од прислушуваните телефонски разговори зашто јавна тајна е кои се релациите на некои судии со некои адвокати, каков е пристапот во работењето на некои обвинители, потоа за појави на олеснувања во некои обвинителски предмети и слично. Претседателката на Уставниот суд зборува и за себе, за својот децениски судиски работен ангажман, за нискиот рејтинг на судскиот систем воопшто, за политичките влијанија, за потребата од брзи реформи во правосудството.

– Македонија има судии, обвинители и адвокати со кои  може да се гордее. Но, за жал, има и такви чие место не е во судството. Тоа мораме да го признаеме и со овој проблем, а за да се врати довербата во судството, институциите мора да се позанимаваат. Зашто ако постојано се зборува за корупција, а немаме конкретни предмети, тогаш како ќе ја вратиме довербата?

Таа вели и дека тоа што го зборуваат политичарите никогаш не ја трогнало зашто тие се само политичари.

– Народот многу добро знае каков судија сум и каков човек сум во приватниот живот. Многу ми значи кога на улица или во маркет ќе ме сретнат непознати луѓе и ме поздравуваат велејќи ми: „Судијке Кацарска или госпоѓо Кацарска, секоја чест за она што го работите, веруваме во судството поради вас.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот