ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Директорката на Охридско лето Поповиќ: Кога сите по школувањето би се вратиле во Македонија таа би била многу подобра земја!

Наташа Поповиќ / Фото: Слободен печат

Не да ја бранат и да зборуваат дека ја сакаат од надвор, туку навистина тоа да го покажат со дело и работа. Директорката на фестивалот НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ која 11 години поминала во Америка низ личен пример во гостувањето во утринската програма на „Слободен печат“, зборува како сите можеме да придонесеме да се подобри општеството.

-Живеев 11 год во Америка, завршив факултет и магистарски студии во Чикаго. Америка пружа многу можности за секој млад човек, но зависи како ќе ја прифатиш. Америка е мој е врот дом, кој ми даде многу насоки. Таа е претпремачка земја. Моето прво вработување беше како келнерка во еден грчки ресторан. Но и тогаш, јас секоја година се враќав во Македонија. Јас ја сакам мојата земја. Не се вратив заради некое вработување или некој понуда, но одлучив да се вратам во Македонија, затоа што на Македонија и требаат луѓе кои се едуцирале надвор да се вратат назад, затоа што и Америка е земја направена од многу националности, вели Поповиќ.

Таа упати повик до младите кои го завршиле образовниот процес во странство, да се вратат во татковината и да придонесат за нејзиниот развој.

-Јас се вратив. Мислам дека многу млади луѓе кога би се вратиле во своите професии би подобро за оваа земја, а не да ја бранат и да зборуваат дека ја сакаат. Јас не сум од тие.

Поповиќ пет години успешно ја води манифестацијата „Охридско лето“, а претходно предавала во средното музичко училиште Илија Николовски – Луј како професор по клавир.

Таа неодамна беше избрана за жена на годината за 2023 година од областа на културата, во рамките на конференцијата „Жени Претприемачки“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот