ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Димеска: Летам со „Цесна“ и „Пајпер“, целта ми е да станам капетан во патнички авион

Стефанија Динеска - пилот / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

Стефанија Димеска е најмладиот пилот во државава. Во утринската програма „Слободен печат“ на Слободна ТВ вели дека иако работи на спортскиот аеродром „Стенковец“ на проекти, бара постојана работа во авијација. На прашањето како една жена се најде во машка професија, Стефанија вели дека детската желба ја довела до професијата пилот.

Дипломиран машински инжинер по образование вели дека желбата за летање потекнува од татко и кој исто така е пилот сега во пензија. На пет години прв пат се качила во авион и знаела дека тоа ќе и биде идна професија. Иако дипломирала на Машинскиот факултет решила да ја оствари желба од раното детство.

Стефанија Димеска – пилот / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

По дипломирање продолжува со образование во Бугарија каде го завршува теоретскиот дел, а практичниот го поминува во Хрватска. Така добива лиценца за пилотирање.

-Со летање почнав во аероклубот „Стенковец“ во Скопје. За да се добие лиценца за летање има два начини. Првиот е модуларен кога бирате каде ќе се образовате, а вториот е интегриран. Итегриран е во некоја од компаниите, се плаќа училиштето кое чини над 50.000 евра, се завршува со обука и се чека вработување. За 20 месеци се завршува и се добива лиценца. Со модуларниот пат се бира каде ќе се учи. Јас го одбрав вториот, со комбинација на теоретскиот и практичниот дел. Образованието до добивање на професионална лиценца чини над 60.000 евра- вели Димеска.

За себе вели дека е невработена, но работи на проекти. Лета со авиони од марките „Цесна“, „Пајпер“ и „Партенавиа“. Исто така работи на летови за падобранци.

Стефанија Димеска – пилот / Фото: „Слободен печат“ / Драган Митрески

-Барам работа секаде каде ги исполнувам условите, секаде каде што ќе видам дека се бараат пилоти. „Пајпер синега“ е најголемиот авион кој сум го летала. Голем проблем е што немаме национална компанија во државава. Приморана сум да барам работа надвор од државава, но компаниите не се подготвени да даваат работна виза или не знаат како да го направат тоа. Невработени пилоти не знам колку има познавам неколкумина кои бараат работа заедно со мене- вели Димеска.

Времено и е најголем предизвик. Кога лета, а временската прогноза и се менува додека лета.

-Нештата тогаш треба да се решат во тек на летот. Ми се случило кога ќе полетам да биде сончево, посебно на пролет и одеднаш да надојдат облаци, да почне да врне, да грми. Безбедно слетување е најголем предизвик- вели Стефанија.

Со авионите често ги изнајмуваат и пилотите за приватни летови. Има клиенти кои сакаат да одат во Охрид, Хрватска, Црна Гора.

-Тогаш се јавуваат кај пилотите и ни објаснуваат кои ни се задолженијата. Се надевам на 2-3 месеци ќе најдам работа како пилот. Целта ми е да бидам капетан на некој патнички авион- вели Димеска.

Целото интервју со Стефанија Димеска погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот