ВИДЕО ИНТЕРВЈУ| Барокни композииции стари 400 години – „Полифонија“ слави две децении

Полифонија/Фото: Методи Здравев

„Полифонија“ -уметничкиот центар, слави две децении постоење. Јубилејот ќе биде оддбележан утре во Националната опера и балет. По подолго време, пред публиката, во оригинална верзија, ќе бидат изведени дела од Бах, Лили, Зографски, Моцарт.

„Слободен печат“ беше на една од пробите. Ги прашавме членовите на оркестарот какво е чувството после 20 години заеднички настапи.

„ Означување на секој јубилеј е позитивно чувство и секако носи чувство на радост и задоволство. Впрочем и самите успеси кои се постигнати во текот на тие две децени даваат некоја стабилност на целата работа и нормално поттик е да се работи и понатаму, вели Орце Ицковски, основач на „Полифонија“.

Полифонија/ Фото: Принскрин

Неговата колешка Јанинка Невчева со возбуда кажува дека има измешани чувства.

„Возбудена сум. Најкратко речено. Се разбира и радосна. Повеќе чувства се помешани, но доминираат возбудата и инспирацијата, рече Јанинка Невчева, основач на „Полифонија“.

Сања Шуплевска, уметничи коорднатор на центарот, вели дека триумф на сите проекти, низ овие 20 години е убавата соработка со бројни музичари од државата, но и од надвор.

„Мојата цел е преку различни работилници и преку концерти да се донесе нешто ново, нова програма, нешто што не се повторува во филхармонијата или во операта, вели Шуплевска.

Полифонија/ Фото: Принскрин

Според неа потребни се покамерни концерти со нова програма која не била многу често изведувана. На концертот планирано е да настапат мецосопранот Александра Коцевска, баритонот Горан Начевски, и Рафаеле Данџело од Италија, а диригент ќе биде Иван Еминовиќ.

Целото интервју на нашата колешка Александра Вуксановиќ погледнете го овде:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот