ВИДЕО: Интересна година за актерот Жарко Димоски: Во време на пандемија се ожени, пееше на „Макфест“ и сними спот со неговата вереница!

промо
Фото: Промо

На 35-то јубилејно издание на „Макфест“, кое се одржа пред неколку недели во Штип, за првпат на сцената го видовме и младиот и познат актер од „Театар Комедија“, Жарко Димоски.

Талентираниот актер, а богами и пејач за првпат се претстави со авторска песна на овој фестивал и успеа да ги собере симпатиите на љубителите на македонската музика.

промо
Фото: Промо

Жарко настапи со неговата „Да наздравиме“, песна на која како текстописец се потпишува лично тој, додека за музиката и аранажманот беше задолжен добро познатиот Валентино Скендеровски.

Целата приказна започна уште многу пред овој „Макфест“, композитори ми нуделе свои дела но некако бев убеден дека се уште е дојдено моето време како пејач, се држев до глумата и до пеењето во претстави. Се до еден момент, кога со Валентино Скендеровски на една наша средба не решивме да правиме песна. После појавувањето, а и на самиот настап на фестивалот, песната помина одлично, се најде на неколку топ листи, а на некои е и прво место веќе неколку недели“, вели Жарко.

промо
Фото: Промо

Инаку за ова негово првенче, тој сними и видеоспот, во кој главната улога покрај него ја има и неговата вереница Андреа Јосифова.

Еве, конечно излезе и спотот кој што е малку поразличен од жанрот на песната, раскажува една приказна за “артистите” откако ќе се изгасат камерите и рефлекторите, кога “sвездите” ќе останат сами пред огледалото, сите нивни, радости и таги, борбата со себе си, потрагата по музите итн…Оставам на гледачите сами да одлучат како таа “борба” завршува“, истакнува тој.

Инаку Жарко нема да застане тука со својата пејачка кариера, напротив тој веќе подготвува нешто ново, а негова искрена желба е да направи и свој музички албум.

Погледнете го спотот за „Да наздравиме“:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот