ВИДЕО: Индонезиската болница во Газа која е претворена во „масовна гробница“ е под силен израелски напад

Фото: Твитер

Индонезиската болница во Газа е претворена од медицински центар во „масовна гробница“, соопшти денеска портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал Кудра, пренесуваат американските медиуми.

Повикувајќи се на персоналот на болницата, портпаролот рече дека има трупови во сите одделенија и дека многу животи се изгубени поради недостиг на залихи.

-Пред мртовечницата има 60 тела, рече Ел Кудра.

Тој додаде дека тие ќе бидат погребани во дворовите во болницата.

На социјалните мрежи се споделуваат снимки за кои се вели дека се случува ужасно бегство на преживеаните од болницата, опкружена од израелските сили, а која е под немилосрден оган.

Снимката го открива хаосот и стравот додека луѓето бараат засолниште, од снајперистите поставени на блиските покриви. Некои преживеани успеаја да стигнат до болницата Ал-Авда, но сепак многумина останаа заробени во индонезиската болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот