ВИДЕО: Илегална новогодишна журка во Шпанија – 5.000 луѓе „нападнаа“ село, мештаните збунети

Фото: Твитер/принтскрин

Илјадници луѓе минатата недела се собрале во малото место Ла Песа во шпанската област Андалусија, на нелегално организирана рејв-журка, која целосно ги изненадила локалните жители, пишува „Гардијан“.

Музиката ечела со денови преку десетиците звучници набрзина поставени низ правливите полиња. Илјадници весели рејвери, најмногу од Шпанија, но и од Италија и Холандија, безгрижно танцувале, а многумина ги разгледувале штандовите на кои најдосетливите мештани продавале домашен сапун и парчиња пица од импровизирана печка со кал.

Нелегалниот рејв започнал во петокот, на 31 декември. Масовниот собир го задушил сообраќајот и ги збунил локалните жители.

„24 часа на ден беше само дум-тс, дум-тс, дум-тс“, рече Фернандо Алварез, градоначалникот на општината.

Жителите со чудење гледале како лавиринт од шатори, каравани и дури седум бини „никнале“ на помалку од километар и пол од центарот на селото. Околу 5.000 луѓе дошле на огромната нелегална журка.

„Тука живееме 1.200 луѓе. Замислете, се разбудивме во петок наутро и бевме 5.200 луѓе. До сабота бевме 6.000“. Искрено, беше малку хаотично“, вели Алварез.

По пет дена непрекината журка, посетителите на забавата во средата наутро почнале да ги демонтираат шаторите и бините. „Тоа е олеснување“, изјави градоначалникот за Гардијан. „Јас сум многу среќен“.

Општинските власти, сепак, останале затекнати од тоа како еден меѓународен настан успеал да се одржи на територијата на општината без никакво предупредување. „Немаме поим“, рече Алварез. „Искрено, кога би знаел кој го организираше, би ги ангажирал да ја планира нашата селска фиеста“, се пошегува градоначалникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот