ВИДЕО: И жените имаат „жолта минута“, масовна тепачка на фудбалерки во Турција

принтскрин/твитер

На фудбалските терени во Турција никогаш не е досадно, дури и кога играат фудбалерки а доказ за тоа е натпреварот помеѓу Амедспор и Фенербахче на кој изби масовна тепачка.

До тепачката дојде откако една фудбалерка на Фенербахче ја уфрли топката на теренот и на неа налета фудбалерка на домашниот тим. Набрзо на теренот настана општа тепачка во која учествуваа сите фудбалерки на двете екипи.

На теренот почнаа да летаат и разни предмети на теренот, а ситуацијата се смири откако влезе полицијата на теренот и ги раздвои фудбалерките на двете екипи.

Фудбалерките на Фенербахче потоа се повлекоа во соблекувалната и не сакаа да се вратат на теренот, поради што судиите го прекинаа наптреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот