ВИДЕО: Хаос во Лондон, коњи галопираат по улица, побегнале од проба за парада во Вестиминистер

Оседлани коњи побегнати од парада галопираа низ лондонските улици/Фото: Скриншот

Во центарот на Лондон денеска беа видени коњи како слободно галопираат , на големо запрепастување на минувачите и возачите, објави полицијата и медиумите.

На фотографиите на социјалните мрежи се гледаат две животни, едно бело и облеано во крв, а другото црно, како галопираат по булевар, поминуваат покрај скутер и во еден момент се чини дека удриле во такси откако поминале на црвено светло.

Коњите биле оседлани и имаат узди. Според Телеграф, вкупно 5 коњи биле видени како слободно шетаат во центарот на Лондон и наводно се испуштиле за време на пробата за парада во Вестминстер, во близина на Бакингемската палата.

Пет лица , меѓу кои и војник кој јаваше еден од коњите, беа повредени во три одделни инциденти. Четворица се хоспитализирани, пишува Дејли Меил.

Полицијата на главниот град преку платформата Х извести дека околу 08:40 часот (по локално време, 10:40 по грчко време) била известена дека животните биле пуштени и успеале да ги задржат набргу потоа.

Забележано е дека неколку воени полкови имаат штали во центарот на Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот