ВИДЕО | Горан Пандев: Децата ми рекоа дека е подобро да се вратиме во Струмица, отколку да живееме во Милано

Фото: Промо

Горан Пандев, откако ја заврши фудбалската кариера како играч, продолжи да живее во Италија, во градот Џенова. Во емисијата „Еден на Еден“ со Жаре, во вториот дел од разговорот кој се емитуваше на ТВ Канал 5 во неделата, Пандев раскажа:

– Во Италија живееме, децата таму одат во школо, си имаме наш стан. Моите деца се родени во Италија: Фичипо во Милано, Ана во Наполи, Софија во Џенова. Осум години таму, пријатели имаме, како да сме дома. Останавме повеќе поради децата, бидејќи таму се навикнаа на училиште, имаат другарчиња. Мојата желба беше да живееме во Милано, почнав да работам и на телевизија како стручен коментатор, но тешко е да одиш од Џенова до Милано, завршуваш во 4 наутро… Сакав таму да почнеме да живееме, во Милано. Децата не сакаа, нема шанси. Поарно да се вратиме во Струмица, ама не одиме во Милано“, му рекле децата на Пандев и затоа ја избрале Џенова.

Целиот разговор со Пандев во „Еден на Еден“, (вториот дел) е достапен на јутјуб каналот на емисијата на овој линк:

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот