ВИДЕО | Големо невреме ја погоди Британија, торнадо откорна неколку покриви во Манчестер

Невреме во Британија / Фото Твитер See new posts Conversation Tameside Correspondent

Околу сто куќи се оштетени откако, како што пишува Би-Би-Си, локализирано торнадо зафати дел од Манчестер. Торнадото предизвика сериозна штета и потенцијален ризик за јавната безбедност, велат од полицијата.

Торнадото откорна покриви, а урна и неколку дрвја и ѕидови.

Полицијата соопшти дека нема извештаи за повредени.

„Овој инцидент несомнено погоди многу луѓе, при што многу жители беа раселени од нивните имоти преку ноќ. Наш најголем приоритет е да ги заштитиме луѓето, поради што ги советуваме раселените да не се враќаат или да не влегуваат во нивните домови кои се значително оштетени. додека не проценат градежници“, рече началникот на противпожарната служба.

Бурата Герит што ја погоди Велика Британија вчера остави илјадници луѓе без струја. Како што пишува Скај њуз, околу 14.000 домаќинства утринава се уште се без струја. „Условите на терен се лоши, силниот ветер ни ја отежнува работата, некои би можеле да останат без струја 48 часа“, велат од локалното електростопанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот