ВИДЕО | Ѓорѓе Давид направи преработка на легендарната песна на „Екатарина Велика“

Фото: Скриншот/Јутјуб

Српскиот рок-музичар Ѓорѓе Николиќ, познат како Ѓорѓе Давид, направи преработка на ултимативната химна на групата „Екатарина Велика“, а сними и видеозапис за овој проект.

Преработката доживеа голем успех кај српската публика, а Ѓорѓе Давид вели дека било тешко да се долови позитивна рокенрол емоција кога се обработува ваква песна.

„Оваа приказна започна во 1994 година, точно на мојот роденден – 5 ноември. Мојата група, заедно со ‘Електрични оргазам’ и ‘Партибрејкерси’, имаше голем концерт во спортската сала во Младеновац. Се радувавме затоа што концертот беше голем собир на одлични музички групи, салата беше преполна со обожавател и знаевме дека ќе приредиме одлична забава. За жал, после вториот настап на една од групите, се појави сега покојниот Душан Ецеговац, кој беше менаџер на групата ‘Екатарина Велика’, и ни соопшти дека Милан Младеновиќ починал. Организаторите и пејачите одлучија да не го прекинат концертот, туку да му посветат нему и да свират во негова чест. Дваесет и осум години подоцна, на денот кога го славам својот 58. роденден, го објавивме албумот со музички преработки на екс-ју песни. На листата се најде и ултимативната химна на ‘Екатарина Велика’ – ‘Пар година за нас’. Од мај месец баравме режисер, сценарио, тон, слика… Но, сите предлози кои пристигнаа не ни се допаѓаа, сѐ до моментот кога се појави Вук Протиќ Халуџа. Тој ни ја сподели својата идеја, која се покажа како одлична. Има некоја тајна врска кога нешата се прават со многу почит и внимание кон великаните кои воспитувале многу генерации, а еден од нив е и Милан Младеновиќ. Реакциите на публуката се многу позитивни иако е многу тешко да се долови позитивна рокенрол емоција кога се обработува ваква химна. На моја голема радост, успеавме“, изјавил рок-музичарот.

Комерцијален пи-ар текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот