ВИДЕО: Ѓоковиќ четвртфиналист на турнирот во Дубаи

Новак Ѓоковиќ би можел повторно да игра на „Австралија опен“/фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во второто коло на турнирот од серијата 500 во Дубаи го совлада Карен Хачанов од Русија со резултат 6:3, 7:6 (2) за еден час и 39 минути игра.

Ова беше нивни седми дуел и шести триумф на српскиот играч. Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе се сретне со Јиржи Весели, кој го изненади Роберто Баутиста Агут – 6:2, 6:4.

Ѓоковиќ доминираше во поголемиот дел од мечот, особено во првиот сет, а доволен му беше брејк во четвртиот гем да дојде до клучна предност. Во вториот сет имаше многу поголема борба.

Првиот тенисер во светот во третиот гем по вторпат му го одзеде сервисот на противникот, но Русинот оттогаш играше многу подобро и поагресивно.

Хачанов не искористи три брејк топки во следниот гем, но тоа го направи во осмиот гем – 4:4. Српскиот ас остана фокусиран, во следниот гем имаше две шанси да му го одземе сервисот на ривалот, но не успеа.

Крајот на мечот во Дубаи беше навистина квалитетен и возбудлив, Ноле двапати сервираше за да остане во сетот, а потоа во тој брејк ја заврши задачата.

АТП турнир Дубаи 2022

Среда, резултати –

Хуркач – Молчан 6:3, 6:2
Мареј – Синер 5:7, 2:6
МекДоналд – Крајиновиќ 6:4, 7:6 (7)
Квон – Рубљов 6:4, 0:6, 3:6
Попирин – Беранкис 4:6, 6:7 (7)
Ѓоковиќ – Хачанов 6:3, 7:6 (2)
Весели – Баутиста Агут 6:2, 6:4

Четвртфинале, двојки

Ѓоковиќ – Весели
Беранкис – Даниел/Шаповалов

Хуркач – Синер
МекДоналд – Рубљов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот