Драган Ѓилас/ Фото: ЕПА

ВИДЕО | Ѓилас: Најрано следната пролет ќе има избори во Србија

Лидерот на опозициската Партија на слободата и правдата во вечерашното интервју за мaкедонската телевизија Сител изјави дека оваа година нема да има избори во Србија.

Лидерот на опозициската Партија на слободата и правдата, Драган Ѓилас, во вечерашното интервју за мaкедонската телевизија Сител изјави дека оваа година нема да има избори во Србија и дека тие би можеле да се одржат најрано напролет следната година.

„Колку што можам да видам сега, оваа година нема да има избори во Србија. Мислам дека пролетта е најраниот датум, можеби некаде во декември 2026 година“, рече Ѓилас.

Ѓилас додаде дека неговата партија сè уште смета дека преодна влада е најдоброто решение, за спроведување на препораките на ОБСЕ и на Европската комисија, со цел да се постигнат избори што би биле „што е можно порегуларни“ и за кои двете страни би морале да се обврзат да ги прифатат резултатите како легитимни.

„Повеќето универзитети во Србија го прифатија предлогот на опозицијата за преодна влада. Белградскиот универзитет не. А потоа во мај се појави барањето за избори. Како што можете да видите, поминаа пет месеци, Вучиќ не го прифаќа. Многумина мислеа дека мора да бидат избори кога студентите велат. Им реков дека не функционира така“, рече Ѓилас.

Тој рече дека моќта на студентите е огромна, но потсети дека опозицијата првпат ги започна протестите минатата година по несреќата во Нови Сад на 1 ноември минатата година.

„Студентското движење се појави во декември. Протестите започнаа по трагедијата во Нови Сад, која одзеде 16 животи, а последица е корупција и криминал, како што сè се прави во Србија. Протестите први ги започна опозицијата и никој не очекуваше студентите да го направат она што го направија, бидејќи сите мислеа дека се рамнодушни“, рече Ѓилас.

Лидерот на ССП истакна дека она што се случува во Србија е бунт на луѓе, граѓани, предводен од студенти, како некој што е најискреен, најчист и кој нема намери, но, како што истакна, многу луѓе се вклучија.

„Многу луѓе се активираа. Овие локални избори покажаа поголема излезност отколку пред само една година на истите места отколку на парламентарните. Улогата на студентите е огромна во ова и тие направија нешто позитивно“, рече Ѓилас.

Тој оцени дека нема решение за моменталната ситуација во Србија без промена на владата и истакна дека ова е мнозинското мислење.

„Мнозинското расположение на српските граѓани, што може да се види од сите независни анкети, е дека луѓето веруваат дека владата треба да се смени. Околу 55 проценти од граѓаните веруваат дека владата треба да се смени и дека земјата оди во лоша насока“, рече Ѓилас во интервју дадено во седиштето на ССП во Белград.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот