Фото: Скриншот/Твитер

ВИДЕО | Фановите се ужаснати: Се појави снимка на која свекрвата на Шакира ја фаќа за устата и ѝ вели да замолчи

Разделбата на колумбиската пејачка Шакира и нејзиниот долгогодишен партнер, шпанскиот фудбалер Жерар Пике со месеци е главна тема во естрадните медиуми.

Иако имаме впечаток досега дознавме сè за нивните проблематични семејни односи и за аферата на Пике, сепак сè уште излегуваат нови детали кои укажуваат дека нештата меѓу Шакира и Пике не биле добри подолго време.

Во последните неколку дена, на социјалната мрежа Твитер се појави стара снимка на која мајката на Пике, Монсерат Бернабеу делува како да се расправа со Шакира.

Имено, таа во еден момент ја фаќа Шакира за устата и ѝ дава знак да замолчи, додека Пике, кој е во нивно друштво, не реагира на однесувањето на мајка му.

Обожавателите на латино ѕвездата се ужаснати од оваа постапка на Монсерат Бернабеу и остро ја критикуваат, коментирајќи дека физичкото насилство е неприфатливо. Исто така, тие се разочарани од Жерар Пике бидејќи не се потрудил да ја одбрани својата партнерка во тој момент.

Како потсетување, Шакира и Пике беа заедно од 2011 година и имаат две деца – деветгодишниот Милан и седумгодишниот Саша.

Веста за нивното разделување ја споделија во јуни минатата година, со официјално соопштение објавено од нејзината агенција.

„За жал, потврдуваме дека нашите патишта се разделуваат. За доброто на нашите деца, кои се наш најголем приоритет, бараме да ја почитувате нашата приватност“, стоеше во нивното соопштение.

Повеќе на темата:

Шакира е скршена: Љубовницата на Пике им спиела во семејниот дом уште во 2021 година

Романтична прошетка на Пике и новата девојка, за која вели дека е „поразбирлива“ од Шакира

Шакира за разделбата со Пике: Ова е најмрачниот период од мојот живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!