ВИДЕО: ЕУ ја одобри вакцината на „Фајзер“

EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Европската комисија (ЕК) попладнево даде дозвола за употреба на вакцината против ковид-19, произведена од американската компанија „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“.

Ова пишува „Ројтерс“ е последниот чекор со кој се дозволува старт на вакцинацијата во Европската Унија (ЕУ).

ЕК одобрението го даде неколку часа откако претходно во текот на денот таква одлука препорача Европската агенција за лекови (ЕМА).

Ова е прва одобрена вакцина против ковид-19 во Европа.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на прес-конференција ги потврди наводите на ЕМА дека оваа вакцина е безбедна и ефикасна и порача дека истовремено ќе биде достапна за сите во истовремено, и вакцинацијата ќе може да почне во сите земји-членки од 27 декември.

Првата испорака ќе тргне од фабриката на Фрејзер во Белгија во следните неколку дена. Заедно сме во ова, а вакцинацијата може да почне истовремено во текот на ЕУ деновите за вакцинација од 27 до 29 декември, истакна Лајен.

Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ е ефикасна 95%, додека таа на „Модерна“ 94%.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот