ВИДЕО | Екипа од ГОБ 8 Септември со хеликоптер се упати за Унгарија да донесе пациент кој доживеал мозочен удар

Екипа за транспорт од ГОБ 8 Септември составена од анестезиолог и медицинска сестра, утринава со хеликоптерот на МВР замина за Унгарија од каде ќе транспортира пациент кој е македонски државјанин, а кој доживеал мозочен удар во странство каде работел како возач. Пациентот е на возраст од околу 50 години, а после мозочното крвавење е зависен од кислород.

ФОТО Слободен печат Мирослава Симоновска

Директорот на ГОБ 8 Септември доктор Христијан Костов за Слободен печат вели дека добиле указ од министерот за здравство да формираат екипа за да пациентот се транспортира безбедно назад во Македонија на барање на семејството.

Фото Слободен печат Мирослава Симоновска

Медикоптерот има вградена најсовремена медицинска опрема за интензивна нега на пациенти за итен медицински транспорт. Се очекува пациентот да биде транспортиран од Унгарија во Македонија на Клиничкиот центар Мајка Тереза околу 13 часот.

Фото Слободен печат Мирослава Симоновска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот