фото: EPA-EFE/DUSTIN SAFRANEK

ВИДЕО | Џејк Пол го победи Мајк Тајсон со едногласна одлука на судиите

Јутјуберот и инфлуенсер, Џејк Пол, синоќа во Тексас, САД, со едногласна одлука на судиите го совлада легендарниот боксер Мајк Тајсон.

Судиите бодуваа 80-72, 79-73 и 79-73 во корист на Пол. Според проценките, Тајсон после оваа борба ќе заработи околу 20 милиони долари, додека Пол двојно повеќе.

Во текот на мечот Пол беше подобар и ја покажа разликата во годините меѓу двајцата боксери.

Тајсон добро се држеше во првите две рунди, но од третата до крајот беше очигледно дека му беше сè потешко да го следи ритамот на борбата.

– Среќен сум. Дојдов да се борам. Никому ништо не докажав освен себеси. Јас не сум од оние луѓе кои живеат за да му угодат на светот, само го правам она што можам – рече Тајсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот