ВИДЕО | Дончиќ доминираше едно полувреме, па застана – Кливленд со пресврт го победи Далас

Фото: Dallas Mavericks

Tимот на Далас одигра сосема две различни полувремиња изминатата вечер против Кливленд и беше поразен со 110:113.

Во првото полувреме изгледаше дека Кавси ќе доживеат катастрофа и Дончиќ и друштвото лесно ќе дојдат до победата, но во вториот дел работите се променија. Словенечкиот кошаркар танцуваше на паркетот и во тие 24 минути постигна 29 поени, средбата ја заврши со 39.

Далас во втората четвртина водеше и со 20 поени разлика (50:30), но во вториот дел како да излезе друг тим на теренот. Клучна за Кливленд се покажа серијата од 15:0 во последната четвртина.

Кливленд во тој период играше агресивно во одбраната и не дозволуваше Дончиќ да доминира како во првиот дел, па така останатите кошаркари на Далас немаа решение и предноста на Мавс почна да се топи.

Втор по бројот на поени зад Дончиќ во Далас беше Кари со само 19, додека Крис Леверт на спротивната страна уфрли 29 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Филаделфија 92-112

Вашингтон – Торонто 102-132

Бруклин – Милвоки 122-144

Хјустон – Феникс 113-129

Оклахома – Њујорк 129-120

Далас – Кливленд 110-113

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот