ВИДЕО: Директор на индиска компанија загина при спектакуларна прослава, пред очите на публиката

Директор на индиска компанија загина при спектакуларна прослава, пред очите на публиката/Фото: Скриншот/Х

Денот на славење на една технолошка компанија се претвори во трагедија кога извршниот директор наиде на трагична смрт пред згрозените гледачи во Индија.

Поконкретно, видеото кое стана вирално на социјалните мрежи ги прикажува извршниот директор на Вистекс, Санџај Шах и претседателот на Вишванат, Раџу Датла во железна корпа како се спуштаат на сцената како дел од неговиот грандиозен влез во компанија за забава.

Шокантните снимки го покажуваат моментот кога жолтата метална корпа, која виси над бината, почнала да се ниша додека огнометот експлодира во воздухот. Се скршила едната страна од железната ограда странично на корпата, поради што двајцата паднале од висина од околу 5 метри.

Шах загинал додека Датла е во критична состојба. Иако причината е скршена жица, властите го истражуваат инцидентот и неисправната корпа.

Двајцата мажи беа во Индија за да го прослават својот сребрен јубилеј во Вистекс Азија, кој се прославуваше два дена во Филм Сити Рамоџи.

„Спуштањето на Шах и Раџу од кафезот на сцената беше планиран настан за започнување на прославите“, изјави портпаролот на компанијата за агенцијата.

Основана од Шах во 1999 година, Вистекс е консултантска фирма со повеќе од 20 глобални канцеларии и богата листа на клиенти која вклучува компании како што се Џенерал Моторс, Јамаха, Кока-Кола и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот