Фото: AC Milan

ВИДЕО: Дербито во Италија за Милан, Елмас одигра 20 минути

Фудбалерите на Милан го добија големото дерби од петтото коло во Серија А, совладувајќи го Наполи со 2-1 и така се искачија на врвот на табелата, каде сега имаат ист број бодови со ривалите од Неапол и со екипата на Рома.

„Росонерите“ започнаа фуриозно и поведоа уште во 3. минута со голот на Салемакерс, кој реализираше по додавањето од Пулишиќ. Американецот и самиот се запиша во листата на стрелци кога во 31. минута зголеми на 2-0.

 

Работите се искомплицираа за Милан во вториот дел, кога Еступиниан беше исклучен во 57. минута, по што Наполи доби пенал. Сигурен реализатор беше Кевин де Брујне, кој го намали резултатот на 2-1.

Наполитанците ја презедоа иницијативата и вршеа притисок до самиот крај, но не успеаја да стигнат до израмнување. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса од 72. минута, влегувајќи токму на местото на стрелецот Де Брујне.

По пет одиграни кола, Милан, Наполи и Рома имаат по 12 бодови, додека Јувентус заостанува само еден бод со 11.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот