ВИДЕО | Денот кога македонското знаме се вееше на „Бернабеу“, Пандев и Интер пред 13 години ја освоија Европа

Фото: EPA/MATTEO BAZZI

Пред точно 13 години на денешен Горан Пандев со Интер предводен од Жозе Мурињо стана европски шампион со победата од 2:0 во финалето против Баерн Минхен.

Македонската фудбалска легенда беше стартер во финалето и во текот на целата сезона донесе значителен придонес во историската сезона на „нероаѕурите“. Интер и до денес се уште е единствениот италијански тим кој во една сезона успеал да освои Лига на шампиони, Куп на Италија и Серија А.

По натпреварот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, Пандев гордо го развеа и македонското знаме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот