ВИДЕО: Данската „ТВ2“ објави снимка од разговорот поради кој Начевски е суспендиран од ЕХФ

фото: принтскрин/sport.tv2.dk

Кон крајот на минатиот месец, беше објавено дека поранешниот македонски судија Драган Начевски е осомничен за учество во местење натпревари, по што тој беше суспендиран од Европската ракометна федерација.

ЕХФ со официјално соопштение ја објасни целата ситуација и суспензијата за поранешниот македонски судија, а сега делегат. Како главна причина за суспензијата е претпазливост по објавата на данската „ТВ2“ за наводно учество во местење натпревари.

Токму „ТВ2“ сега и јавно објави видео снимка од состанокот на Начевски со бизнисмен кој тврдел дека може да донесе кинески тим во СЕХА лигата, а воедно на истиот состанок се споменува договор за местење резултати. Начевски мислеше дека се среќава со кинески бизнисмен, но всушност се работи за актер ангажиран од данската „ТВ2“.

ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Разговорот –

ТВ2“: – Има и друга тема за која би сакал да разговарам со вас. Ова може да стане многу профитабилен бизнис за вас.

Начевски“: – Во која насока? И во која област?

ТВ2“ – Коцкање. Имам навистина добра врска во Азија на пазарот за обложување. И имам навистина широка мрежа на луѓе кои се многу талентирани и професионални во она што го работат. И гледам дека со ракометот може да стане многу профитабилен бизнис. И можам да разберам дека судиите играат многу важна улога на овие натпревари. Дали би рекле така, господине Начевски? И со вашата позиција ќе биде навистина добро. Можам да видам дека можеби ќе можеме да работиме заедно во оваа област. Дали ме разбирате што мислам?

фото: принтскрин/sport.tv2.dk

Начевски“: Знам што мислите. Тоа е многу чувствително. Има многу дискусии за коцкањето и работите што се случуваат, но господине Жанг, јас нема да бидам премногу вклучен во ова. Не значи дека се плашам, но во принцип е малку ризично. Во ракометот го имаме овој „Спортрадар“ кој работи заедно со обложувалниците и кој се вклучува во Европската ракометна федерација за сите информации поврзани со коцкањето во врска со некои натпревари. Следат и знаат што се случува. И затоа велам не на ваков бизнис во моментов. Да бев помлад и само да ги бркам парите, дефинитивно ќе размислував за тоа.

„ТВ2“: – Можеби имате некој што можете да го препорачате и кој добро ги познава судиите?

Начевски“: – Опасно е. Особено овие денови. Вниманието кон него е големо низ целиот свет.

ТВ 2“: – Вие сте голема фигура во ова. Луѓето ви веруваат.

Начевски“: – Ви благодарам многу господине Жанг. И ова е наш личен разговор. Разговаравме, но не сме разговарале. Затоа, не грижете се за тоа. Не треба да се плашите.

„ТВ2“ и Начевски последователно се збогуваат и се ракуваат, сето тоа додека атмосферата е добра, а на вратата Начевски завршува со зборовите: „Внимавајте за што разговаравме“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот