ВИДЕО: Данската полиција соопшти дека истекувањето гас од „Северен поток“ било предизвикано од силни експлозии

експлозии гасовод EPA-EFE/Danish Defence Command / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Прелиминарната истрага за оштетувањето на двата гасоводи Северен поток во данскиот дел на Балтичкото Море покажала дека истекувањето било предизвикано од „силни експлозии”, се вели во соопштението на полицијата во Копенхаген.

Понатамошната истрага за експлозиите од 26 септември во данската ексклузивна економска зона полицијата ќе ја спроведе заедно со Данската служба за безбедност и разузнавање.

„Се уште е рано да се зборува за рамката во која ќе се одвива меѓународната соработка со, на пример, Шведска и Германија бидејќи тоа зависи од неколку актери“, велат од полицијата во Копенхаген.

Гасоводите беа оштетени на крајот на септември, во експлозии на четири места, две во шведските и две во данските територијални води. Се смета дека станува збор за саботажа и е отворена истрага. Инцидентот се случи во време на високи тензии меѓу Европа и Русија поради војната во Украина.

Данските власти претходно овој месец објавија дека гас повеќе не истекува од гасоводот во нивната економска зона.

Русија ги отфрла обвинувањата дека е одговорна за оштетувањето на гасоводот и бара да биде вклучена во истрагата.

Сè повеќе сомнежи за саботажа на гасоводот „Северен поток“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот