ВИДЕО | Далас без Дончиќ славеше против Голден Стејт, блесна неочекуван херој

Фото: Dallas Mavericks

Tимот на Далас и без услугите на Лука Дончиќ успеа да слави на домашен терен против Голден Стејт (108:106). Во отсуство на Дончиќ блесна Пи-Џеј Вашингтон кој го одигра најдобриот натпревар откако е во Далас.

Натпреварот Вашингтон го заврши со 32 поени, а и го постигна клучниот кош на 4.5 секунди пред крајот.

Одличен беше и Ирвинг кој постигна 26 поени, додека Кари на спротивната страна уфрли 28.

Милвоки неочекувано беше поразен од Торонто со што врза три порази во низа со кои си го загрози второто место на истокот. За Рапторси пак ова беше победа по црна серија која траеше 15 натпревари.

Треба да се спомене и дека Бакс играа без Јанис Адетокумбо. Лилард беше најефикасниот со 36 поени. Во победничкиот состав најефикасни беа Трент со 31 и Барет со 26.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Орландо 124:115

Индијана – Оклахома 126:112

Вашингтон – Портланд 108:102

Бостон – Сакраменто 101:100

Чикаго – Њујорк 108:100

Хјустон – Мајами 104:119

Мемфис – Детроит 108:90

Милвоки – Торонто 111:117

Њу Орлeанс – Сан Антонио 109:111

Далас – Голден Стејт 108:106

Финикс – Минесота 97:87

Л.A Клиперс – Јута 131:102

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот