
ВИДЕО | Д-р Петличковски: Ќе дојдевме до колективен имунитет но плативме превисока цена – 3.000 починати повеќе зошто не беа вакцинирани
Пандемијата не е завршена, но трендот е многу добар. Во последните четири недели од извештаите на Институтот за јавно здравје гледаме намалување на сите релевантни параметри што ја проценуваат состојбата со пандемијата, изјави за Утрински брифинг претседателот на Комисијата за заразни болести Д-р Александар Петличковски.
Препорачано
-Имаме намалување на бројот на позитивни случаи, имаме намалување на бројот на хоспитализирани, имаме намалување на бројот на починати заразени од ковид и се на сѐ одиме во добра насока, додава Петличковски.
Тој е оптимист дека во скоро време би можело да се разговара за ограничување на маските.
-Идејата на Комисијата е олеснувањето на овие мерки да оди постапно. Мислам дека е добро да ги неутрализираме мерките кои би имале најмалку влијание на евентуално влошување на ситуацијата, но се надевам на комплетно ослободување на мерките, вели Д-р Петличковски.
Тој смета дека појавувањето на нови вријанти на коронавирусот сега е многу потешко кога голем дел од населението 80 проценти, има постигнато колективен имунитет.
– Процентот на вакцинирање е мал во Македoнија. Тоа е најбезбеден и најдобар излез од пандемијата. Ние по потешкиот пат со прележување на болеста и сепак достигнавме и ние до 80 проценти од имунитет. Имунитетот од прележана болест е многу солиден, рече д-р Петличковски кој зборуваше и за тоа како Италија, една од најпогодените земји од коронавирусот успеа да достигне висок процент на имунизација на населението дури и со трета доза.
-Населението во Италија со доверба ги чекаше вакцините. Голем дел од популацијата над 70 проценти се вакцинираа доброволно, а другите 20 проценти се поттикнати од прогресивните рестриктивни мерки и ограничување на нивниот пристап. Останаа 10 проценти невакцинирани и тоа оние кои веруваат во теоријата за рамна земја. Кај нас веројатно овој процент е поголем. Сметам дека најголемата кривица за малиот процент на вакцинирани кај нас не е во луѓето, туку во власта, во нас, во стручните лица кои не успеавме да му објасниме на населението доволно јасно и со примери да покажеме, дека вакцините се нашиот најдобар излез, нагласи претседателот на Комисијата за заразни болести.
Во однос на податоците од спроведениот скрининг на населението, д-р Петличковски рече дека тој покажал дека голем дел од населението е веќе имунизиран. Се однесува на Скопје
-Досега се анализирани 920 примероци. Од нив 170 се невакцинирани. Кај вакцинираните дури 89 проценти имаат некаков имунитет, само 170 се неимунизирани, но 78 проценти имаат имунитет поради прележана болест. Сакам да ја споменам изјавата на Дејан Трајковски кој ги следи движењата со епидемијата и многу убаво дефинира: Ако сите луѓе беа вакцинирани наместо 9.000 умрени од ковид-10 денес че имавме барем 3.000 помалку. Сакам да кажам и да биде јасно, Ние и така ќе стигнеме до колективен имунитет, но плаќаме превисока цена – овие 3.000 луѓе кои умреа заради ковид. Доколку беа вакцинирани не мораше да умрат. Секако имунитетот после прележана болест има своето место во денешната состојба, но за жал цената е таа – 3.000 непотребни мртви, рече д-р Петличковски,
Во однос на резултатите од скринингот во училиштата и можноста наскоро да престанат да се носат маски во училниците, д-р Петличковски рече:
-Во рамки на скринингот направени се 2200 теста, а само 18 деца се позитивни. Сега имаме простор да дискутираме за ослободување на децата во училиштата од маските. Секако дека ова сериозно ќе биде разговораме, и блиску сме до тој момент. Епидемиолозите сметаат дека бројките во овој момент не ни го дозволуваат тоа иако четири недели имаме тренд на намалување, но ќе се дојде и до тоа, во прашање се неколку недели, рече претседателот на Комисијата за заразни болести која најави дека освен укинувањето на сертификатите за влез во трговските центри, наскоро, во однос на состојбата ќе има олабавување и на другите рестриктивни мерки.
Целиот разговор погледнете го во видеото: