ВИДЕО: Цитостатици за мајка ми носевме од Франција, во фрижидерче со „Визер“, зашто на Онкологија ги немаше!

Син на почината пациентка која се лекувала на Клиниката за онкологија во Скопје од карцином, за „Слободен печат“ сведочи за предизвиците во системот на лекување кој честопати ги оставал пациентите сами да се снаоѓаат, семејствата да им бидат доведени до финансиски колапс, а сето тоа проследено и со недостиг на лекови.

-Цитостатици носевме сами, од Франција, во фрижидерче со „Визер“, зашто на Онкологија ги немаше, се присетува синот. 

Иако пациентката била и самата лекар, кога дошло време да стане дел од здравствениот систем на кој со години му служела, за неа третманот не бил милостлив и сочувствителен.

-И тие кои учествувале во криминалот на Клиниката за онкологија треба да знаат дека ако дојдат на местото да бидат пациенти, ќе се соочат со истиот систем кој го граделе, доколку тој не се промени, вели нашиот соговорник.

Целиот разговор погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот