ВИДЕО | Бундеслига: Баерн победи во натпревар со осум гола

Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Баерн Минхен денес ја врза третата победа во низа во Бундеслигата, откако Аугусбург беше совладан со 5:3 и создаде предност од три бода во однос на Борусија Дортмунд која својот натпревар го игра од 18:30 против Шалке.

Аугусбург дојде до предност по само три минути игра со голот на Бериша, но тоа како да ги налути баварците, па следуваа четири гола во мрежата на противникот. Во 15-тата минута Жоао Кансело погоди, потоа два гола постигна Павар во 19-тата и 35-тата, а до крајот на првиот дел во листата на стрелци се запиша и Лерој Сане.

Бериша по еден час игра го постигна својот втор гол, додека Дејвис ја продолжи голедата во 74-тата минута. Конечните 5:3 беа поставени во самата завршница со голот на Кардона.

Лајпциг забелаж сигурна победа против Борусија Менхенгладбах со 3:0, додека преостанатите два натпревари Ајнтрахт – Штутгарт и Херта – Мајнц завршија без победник 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот