Александар Митровиќ беше херојот на Фулам во победата над Брентфорд/Фото: EPA-EFE/Andy Rain

ВИДЕО: Брентфорд го прегази Јунајтед, а сега налета на фантастичниот Митровиќ

Откако во минатото коло целиот фудбалски свет го коментираше дебаклот на Манчестер јунајтед кој го доживеа во натпреварот против Брентфорд (4:0), денеска играчите на данскиот менаџер Франк не се надминаа себеси и загубија од Фулам на гости со 3:2 во рамките од третото коло во Премиер лигата.

Водеше Фулам со 2:0 по головите на Рејд во првата и Палиња во 20 минута, а пред паузаната намали Норгаард.

Тони во 71 минута се погрижи за егал на средбата, а херој на домаќините беше српскиот интернационалец Митровиќ со погодок во 90 минута.

Тоа беше прв триумф за Фулам и моментно четврто место со пет бодови веднаш пред петтопласираниот Брентфорд кој остана на четири бодови.

Во другите мечеви Кристал палас – Астон Вила 3:1, Евертон – Нотингем 1:1, Лестер – Саутемптон 1:2, а од претходно Тотенхем славеше пред своите навивачи против Вулверхемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот