ВИДЕО | Братот на Џуд Белингам постигна прекрасен гол во Англија

Фото: Screenshot

Џуд Белингам минатото лето потпиша за Реал Мадрид во трансфер вреден 100 милиони евра и уште веднаш се наметна како еден од најважните фудбалери на „кралевите. Но, додека тој игра одлично во Шпанија и неговиот помлад брат Џоб Белингам покажува квалитети во Англија.

Џоб има 18 години и го носи дресот на поранешниот премиелигаш Сандерленд. Во вчерашниот натпревар од втората англиска лига, тој постигна гол откако сам ја повлече топката од скоро половина терен, влезе во шеснаесетникот, си направи простор и погоди.

Стрелец во вчерашниот ден беше и Џуд кој погоди во убедливата победа од 4:0 на Реал Мадрид против Жирона.

ВИДЕО: Жирона немоќна во Мадрид, титулата во „Ла Лига“ му се насмевнува на Реал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот