ВИДЕО: Бионичката рака на македонските млади иноватори победник на натпреварот „Младинскиот предизвик“

Орхан Багашов од Тетово е дел од македонскиот тим „Ебионикс“ глобален победник на годинашниов светски натпревар наречен „Младински предизвик“, во конкуренција на 180 тимови од 36 земји во категоријата на натпреварувачи под 18 години. Тимот победи со идејата „VenusArm“ односно бионичка рака печатена со 3Д принтер, а наменета за лицата со недостаток на подлактица од раката.

-Направивме бионичка рака која е 30 пати поефтина од досегашните најдени. Имаме уникатен проект е затоа што секој може да ја направи и секој може да ја склопи. Јас од мал се занимавам со роботика. Од помала возраст се занимавам и со 3Д принтање. Секој од тимот од самиот почеток се занимава со делови кои целиот проект го прават успешен, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна Тв“, Орхан Багашов.

-Наградата е за следната фаза. Во таа наредна година овие 10.000 долари треба да ги потрошиме за усовршување на проектот. Во моментов е во бета верзија, значи се уште се тестира. Имаме корисник во Шведска кој ни дава сугестии што би можеле во финалната верзија да направиме, вели Багашов.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот