ВИДЕО | Бик влегол во банка во Израел

принтскрин Твитер

Вработените во една банка во  градот Лод во централен Израел утрово биле шокирани кога бик влегол во нивната филијала.

Оваа несекојдневна ситуација се случила во банката „Леуми“, а видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат како вработени се обидуваат да го избркаат бикот со пластични предмети.

Неколку луѓе се обиделе да го намамат на преминот во импровизирана стапица, што ќе им овозможи да го врзат.

Бикот му побегнал на сопственикот, жител на Лод, и бил снимен како оди по улица и удира во неколку автомобили на паркингот пред да влезе во банката.

Сопственикот бил повикан да помогне да го избрка бикот.

Тој беше избркан благодарение на ветеринарите, кои успеале да го омамат со анестезија.

Во овој инцидент нема повредени или материјална штета.

„Во раните утрински часови, бик влегол во канцеларијата на банката Леуми. Тој бил фатен и изнесен надвор. Случајот бил пријавен кај локалните власти, а ветеринарната служба го решила инцидентот“, се вели во соопштението на банката.

Веднаш не е јасно како бикот го нашол патот до банката, ниту дали имал намера да ги депонира парите, наведуват израелските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот