ВИДЕО | Барселона го промовираше дресот за „Ел Класико“, се продава по цена од 400 и 2.000 евра

Фото: FC Barcelona

Во викендот кој е пред нас во Шпанија не чека големото „Ел Класико“ помеѓу Барселона и Реал Мадрид во кое Каталонците влегуваат со девет бода предност на табелата.

Како и во претходниот натпревар против „кралевите“, Барселона и сега ќе настапи со специјални дресови во соработка со „Спотифај“. Во минатото дерби сезонава тие го носеа логото на познатиот рапер Дрејк, а сега ќе го носат логото „Moтонами“, новиот албум на познатата каталонска пејачка Росалија.

Барселона утрово ги промовираше дресовите и ги пушти во продажба. Бидејќи се работи за лимитирана серија, цената на дресот e 400 евра, a доколку сакате истиот да биде потпишан од фудбалерите изнесува 2.000 евра.

Фото: ФК Барселона

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот