Роберт Левандовски („Барселона“)/фото: EPA-EFE/ENRIC FONTCUBERTA

ВИДЕО: Барса со три гола во мрежата на Димитриевски

Во неделата во рамките од 37 коло фудбалерите на Барселона на домашен терен со 3:0 го совладаа Рајо Ваљекано во „Ла Лига“.

Предност за каталонскиот гигант донесе Левандовски во третата минута по асистенцијата на Јамал.

Во текот на второто полувреме Педри два пати стрелаше во 72 и 75 минута, асистент на вториот погодок беше Араухо.

Целиот меч за гостите го одигра македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.

На едно коло до крајот на шпанското првенство Барселона сигурно ја освојува втората позиција каде моментно има 82 бодови, додека Рајо Ваљекано кој успеа да обезбеди опстанок во елитата е на 16 место со 38 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот