ВИДЕО | Баерн сигурен против Шалке

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Баерн Минхен ја задржа предноста на врвот на табелата откако вечерва славеше против Шалке со 0:2 во 15. коло од германската Бундеслига кое е последно пред Мундијалот.

Гнабри го доведе Баерн во водство откако ја искористи одличната акција на неговата екипа во самата завршница. Чупо-Мотинг во последно време добива солидна минутажа, а таа знае и да ја искористи. Откако прво пропушти неколку прилики и денес се запиша во листата на стрелци.

Со оглед на шансите победата на Баерн можеше да биде и поубедлива, но сепак за баварците најважно е што на паузата за Светското првенство заминуваат со победа. На табелата Баерн е лидер со шест бода повеќе од Лајпциг и Унион Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот