ВИДЕО | Арсовски: Не сум сигурен за придобивките од спојувањето на промоторите и амбасадорите

Народот на Бугарија го кажа својот збор. Им претстои компликувани ситуации околу формирањето на идната влада, бидејќи ниту една партија не доби мандат сама д аја состави владата. Мислам дека треба да се потсетиме на она што претходниот состав го изгласа бугарскиот парламент, тоа е декларацијата, врз основа на која Владата преку минситерството за надворешни работи го достави тој фамозен меморандум кој беше дистрибуиран до членките на ЕУ, за кој ние дознавме доста подоцна. Важно е новиот состав на Парламентот дали и како ќе гледа на се она што е донесено ненадејно за македонско-бугарските односи, а е врзано за јазикот, идентитетот, историјата, дотолку повеќе што го имаме и Договорот за добрососедство кој очигледно бугарската страна го чита на поинаков начин и практично и да уценува, бидејќи бевме соочени со вето и се она што го работевме и правевме изминатите години е доведено во прашање, изјави во Утрински брифинг Љупчо Арсовски, поранешен и прв амбасадор во Атина.

Изјавите на Каракачанов, Захариева се искажани ставови без оглед што дојдоа во предизборие, мислам дека дел од нив ќе бидат и во новата влада и ќе видиме на кој начин тоа ќе функционмира меѓу повеќе партии, бидејќи знаеме дека не сите партии ги делеа овие потценувачки ставови, вели Арсовски.

Во овој момент не е оставарен контакт со наши колеги кои се вон структурите на власта, бидејќи нашата невладина организација Совет на амбасадори исклучиво ги прима амбасадорите кои се во пензија, и не се под плата на државата. Во нашиот Совет има членови кои порано биле амбасадори во Бугарија и низ неколку соопштенија за јавноста кои ги дадовме до сега врзани за односите и соработката со Бугарија, тие го вградија она што го имаат од своите контакти. Јас лично можам да кажам, дека изненаден сум што потпретседателот на бугарската комисија е мој личен пријател со кој 4 години бевме во Атина. Кога јас би бил во Софија јас би го побарал. Очекував да ме побара, но тоа се нема случено. За време на нашите комуникации таму никогаш не сме расправале за прашањата кои сега бугарската влада ги наметна. Јас како 40- годишен дипломат многу добро ги познавам и знам приликите во поствоениот период. Чинам кога ќе ви дадат одредени ноти, тој што е врзан со институции од државата и прима личен доход од нив, тој мора да свири по нивните ноти, смета Арсовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот