ВИДЕО | Арсенал со 12. победа во 14 натпревари до плус пет на врвот во Премиер лигата

Фото: Arsenal/Twiiter

Екипата на Арсенал продолжува со победите и одличните резултати во Премиер лигата, вечерва „топџиите“ стигнаа до својата 12. победа во 14 натпревари во најсилната англиска конкуренција.

Пред Арсенал падна Вулверхемптон кој беше победен со 2:0. Скоро еден час Вулвси одолеваа на нападите, но Мартин Одегард со два гола во 55.и 75. минута го одлучи победникот. Со овој триумф Арсенал на паузата од еден месец поради Светското првенство заминува со предност од пет победа поради денешниот пораз на Манчестер Сити од Брентфорд со 1:2.

Арсенал доминираше во текот на натпреварот и на противникот му дозволи само еден шут кон нивниот гол. Во досегашниот дел од Премиер лигата Арсенал забележа само еден пораз и тоа од Манчестер Јунајтед, ремизираа со Саутемптон (1:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот