ВИДЕО | Aрсенал не дозволи изненадување против Брајтон

Фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Екипата на Арсенал во рамките од 32. коло забележа сигурна победа на гости кај Брајтон (0:3).

Арсенал oд самиот почеток знаеше што сака и не дозволи Брајтон да се понадева на изненадување. Со победата избраниците на Артета ја преземаа лидерската позиција каде што ќе останат барем до утрешното дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Резултатот по половина час од пенал го отвори Букајо Сака и со тој резултат се замина на паузата. Во второто полувреме Хаверц зголеми на 0:2, додека Тросард ги постави конечните 0:3.

На табелата Арсенал сега е лидер со еден бод (71) предност во однос на Ливерпул и Манчестер Сити. Ливерпул својот натпревар од ова коло го игра утре и тоа во дербито против Манчестер Јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот