ВИДЕО: Ансу Фати со прекрасен гол за триумф на Барса против Милан

фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Во пријателски натпревар во САД, Барселона му нанесе нов пораз на Милан со минимални 1:0 благодарение на прекрасниот гол на Ансу Фати.

Барселона ја заокружи својата американска турнеја со победа над Милан во Лас Вегас преку Ансу Фати кој постигна гол во 55 минута.

Ова беше трет меч за Милан во САД без победа, откако загуби од Реал Мадрид со 3:2, а потоа и од Јувентус со истиот резултат по пенали. Барселона загуби од Арсенал со 5:3 и го совлада Реал со 3:0.

Пред почетокот на сезоната, Барселона следната недела ќе игра на домашен терен против Тотенхем како дел од трофејот Гампер, додека Милан има уште две пријателски средби против нисколигашите Тренто и Новара.

„Росонерите“ ја започнуваат Серија А на 21 август против Болоња, а Барса „Ла Лига“ на 13 август против Хетафе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот