ВИДЕО АНКЕТА: Помал интерс за ФЗНХ, но бројката ги задоволува потребите од кадар во земјава

Ромина Кабранова - продеканка на ФЗНХ / Фото: „Слободен печат“ - Методиј Здравев

За разлика од Факултетот за информатичка технологија и комјутерски науки- ФИНКИ каде денес имаше редици за упис во новата учебната 2023/2024 година, за студии по природни науки интересот е помал. Во Анкетата која ја направи „Слободен печат“ на Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје во состав на УКИМ, идните бруцоши велат дека за студирање овде се определиле поради интересот за производство на храна, но и поради традицијата во нивните семејства.

– Мојата фамилија генерации наназад се занимавале со оваа дејност. Сакам да го зголемам производсството на храна во земјава. Кога ќе дипломирам сакам да работам и на квалитетот на храната- велат идните студенти.

Продеканката за настава на ФЗНХ, Ромина Кабранова за „Слободен печат“ вели дека последните години е намален интересот за упис на овој факултет, но во однос на населението бројката од стотина студенти сосем ја задоволува потребата од овој кадар на ниво на држава.

– Државата треба повеќе да води сметка за оваа професија што се случи неодамна и од минатата година Министертсвото за образование и наука овозможи за добри студенти со просек над 8 стипендија од 18.000 денари- вели Кабранова.

Според неа важно е што младите ја сфаќаат важноста на секторот земјоделство и производството на храна кои се значјни за економијата на нашата земја.

Погледнете ја целата анкета на „Слободен печат“  и интервјуто со продеканката за настава на ФЗНХ, Ромина Кабранова на нашата  колешка Агнеса Чаволи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот