ВИДЕО АНКЕТА: Колку македонското општество и граѓаните се толерантни?

Анкета/Фото: Слободен печат

Денеска е Меѓународниот ден на толеранцијата која се одбележува во сите земји во светот со манифестации низ кои се слават различностите и граѓаните се поттикнуваат на толеранција, почитување, љубов и разбирање како универзални вредности на кои треба да почива едно демократско општество.

Во 1996 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Резолуцијата 51/95 со која 16 ноември се прогласува за Меѓународен ден за толеранција.

Ова дејство следеше по усвојувањето на Декларацијата за принципи за толеранција од страна на земјите-членки на УНЕСКО на 16 ноември 1995 година. Меѓу другото, Декларацијата потврдува дека толеранцијата не е ниту попустливост, ниту рамнодушност. Тоа е почит и ценење на богатата разновидност на културите на нашиот свет, нашите форми на изразување и начините да се биде човек. Толеранцијата ги признава универзалните човекови права и основните слободи на другите. Луѓето се природно различни; само толеранцијата може да обезбеди опстанок на мешаните заедници во секој регион на земјината топка.

„Толеранцијата е почит, прифаќање и ценење на богатата разновидност на културите во нашиот свет, нашите форми на изразување и начини да се биде човек“, се нагласува во Декларацијата на УНЕСКО.

Врз принципите на толеранција, разбирање и почитување е изградено и македонското општество како мултиетничко, мултирелигиозно и мултикултурно.

Граѓаните кои ги анкетиравме говорат дека се толерантни и потврдуваат дека целото општество е толерантно и ги почитува различностите, културите и традициите во државата.

-Пред два дена се вратив од Израел каде живеев 4 години и можам да кажам дека македонското општество е потолерантно, самата состојба во Израел покажува дека таму нема многу толеранција, но како и да е како општество треба да учиме од таму некои други работи околу државата, зошто искрено по четири години, овдека како да застанало времето. Тоа ме разочара, ама дома си е дома, вели еден од граѓаните во анкетата на „Слободен печат“.

Погледнете ја анкетата која ја подготви колешката Александра Вуксановиќ:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот