ВИДЕО АНКЕТА: Граѓаните за самитот на ОБСЕ- за едни е голем настан, за други чист популизам

Анкета за самит на ОБСЕ/Фото: Принскрин

Неколку сообраќајници во Скопје од денес ќе бидат затворени поради Министерскиот совет на ОБСЕ што ќе се одржува во Спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“. „Слободен печат“ ги праша граѓаните што очекуваат од претстојниот самит и дали им пречат затворените улици?

Генерално се со поделени мислења. За едни ова е настан што еднаш се случува, за други е чист популизам пред избори.

-Само трошење пари ништо друго. Нема да имаме никаков бенефит. Со кола сум и не можам да отидам кај што треба- вели еден скопјанец.

Друг објаснува дека ваков настан по втор пат Македонија нема да доживее.

-Поголем бенефит од домаќинството на ОБСЕ не може да има. Не ни пречат блокираните улици, па Премиер или министер кога поминува ги блокираат, ќе издржиме два дена- вели граѓанинот.

Друг едноставно нема мислење за самитот.

-Искрено не знам што значи самитот на ОБСЕ. Воопшто не ми пречат блокираните улици. Иако не живеам тука, Скопје е прекрасен град по кој може да се оди пеш. Нестварно е зошто луѓето користат јавен превоз, не сум видел подобра инфраструктура од Скопје иако сум прошетал многу- вели еден господин.

Друг објаснува дека самитот на ОБСЕ е голема работа, и мисли дека Македонија ќе има бенефит од настанот. Не му пречат блокираните улици бидејќи вели дека се е добро организирано.

-Мора да има безбедност во цела Европа. Нема пречка со блокираните улици, доаѓаат големи делегации и мора да биде тоа така, мораме да бидеме трпеливи- вели тој.

За друг пак цела организација е негативна.

-Светот се распаѓа, ова е фарса некоја. Ние дома не можеме да си ги средиме работите, штрајкува цела држава. Нас не ни треба ова, нас ни требаат пари. Не знам зошто ги блокираат улиците, тоа е глупа работа. Ова е само популизам пред избори. Се е испревртено- вели тој.“

Целата анкета на нашиот колега Стефан Крстески погледнете ја во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот