ВИДЕО | Aнгеловски со бод против лидерот дебитираше во првенството на Казахстан

Фото: ФК Каспиј

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски дебитираше во првенството со бод против лидерот на табелата Кизилжар (1:1).

Новиот клуб на Ангеловски е на последното место на табелата и со освоениот бод напредуваше за две позиции.

Со одигрувањето 1:1 тимот на Каспиј приреди изненадување. Домаќините до водство дојдоа уште во третата минута и изгледаше дека лесно ќе ги освојат бодовите, но во 19-тата Каспиј со гол од пенал го изедначи резултат, а тие 1:1 се покажаа и како конечни.

За Ангеловски ова беше прв натпревар во првенството, но втор во сите натпреварувања затоа што на дебито беше поразен од Туран со 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот