ВИДЕО | Ангеловски: Оперативните акции се во тек, на МВР не му се потребни коруптивни полициски службеници

По враќањето на министерот Спасовски во МВР во септември минатата година, беше дадена насока да се отворат низа оперативни акции. Помина периодот на техничката влада, и мораше некои работи кои беа лошо направени, веднаш интервентно да се поправаат и да се врати довербата во МВР. Знаете дека 2019 дојдовме во ситуација кога МВР беше институција со најголема доверба, за во време на техничката влада да падне, изјави во Утрински брифинг, портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски.
„Во Прилеп се случи оперативна акција која беше отворена во семптември минатата година. Овие акции, кога станува збор за ловење на нарко дилери потребен е поголем период. Залудно е да приведете некој, а не го поткрепите со докази. Подолг период се следеше оваа група, како работи и нашите колеги кои ја водат истрагата нашите колеги проценија дека сега е време да се приведат овие лица. Има инволвираност и на полициски службеници, во наредниот период ќе има кривична одговорност и за нив“, вели Ангеловски кој додаде дека МВР работи на цела територија во државата и акцентот ќе биде ставен и кај санкционирање и подршка на вакви дејства од полициски службеници.
„Нас не ни се потребни коруптивни полициски службеници“, вели Ангеловски.
„Последниот период правиме засилени сообраќајни контроли. Спроведени се оперативни акции. Минатата година евидентирано е историско намалување на бројот на жртви од сообраќајни незгоди во земјава. Во јануари оваа година забележано е дека има намалување за 56 проценти на бројот на жртви во однос на истиот месец во 2020 година“, вели Ангеловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот