ВИДЕО | Андоновиќ: Напади врз Киев, но главниот руски стратешки фокус и натаму останува Донбас

Уништени улици во Киев/ Фото Anton Gerashenko/Telegram

Шеесет и петти ден од почетокот на руската инвазија врз Украина. Руските сили трети ден по ред го ракетираат Киев, кој изминатите месец дена беше поштеден од руските напади. Ракетите паднаа во време кога во украинската престолнина претстојуваше генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, но и бугарскиот премиер Кирил Петков. Овие напади се сметаат како порака на Москва кон политичарите кои ја посетуваат Украина и кои даваат поддршка за украинското раководство.

Во меѓувреме, тежиштето на воените дејствија и натаму останува во источна Украина пред се, регионот на Донбас.

„Битката за Донбас“ останува главен стратешки фокус на Русија за постигнување на целта за обезбедување контрола на регионите Доњецк и Луганск, сметаат западните разузнавачки служби.

Особено тешки борби меѓу украинската и руската армија се водат околу градовите Лисичанск и Северодонецк. Според британското разузнавање, силниот украински отпор, значително ги успорил руските трупи, а досегашните руски територијални придобивки се постигнати по значителна цена за руските сили.

Еден од неуспесите на руската инвазија врз Украина секако е и тоа што и по 65 дена, руската армија не успева да ги уништи украинските воени сили, кои се покажаа многу пожилави одошто тоа Москва го очекуваше.

Секако голем удел во отпорот на украинската армија има големата воена помош која ја добива од земјите на НАТО, но сепак останува фактот дека специјалната воена операција на Москва полека се одолговлекува и прашање на време е колку Русија, која во моментов е под целосносна блокада од светот, ќе може да го издржи ова борбено темпо.

Особено што по 65 дена, војната ексалира. Се поизвесно е дека се отвара нов фронт, во реонот на Модлавија. Се подготвуува жестока копнена битка во регионот на Донбас. Се очекува напад врз црномосркото пристаниште Одеса. А градот Мариопул, и покрај изјавите дека е под контрола на руските трупи и натаму го има последното упориште на Украинците, фабриката Азовстал, каде над 2.500 војници засега одбиваат да се предадат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот