ВИДЕО: Американската екстремно десничарска група забранета во Австралија како терористичка

Карен Ендрјус, министерка за внатрешни работи на Австралија/Фото: EPA-EFE/Leigh Vogel / POOL

Австралиските власти денеска објавија дека ја додале американската екстремистичка десничарска група Националсоцијалистички поредок на листата на забранети терористички организации и дека планираат да го вклучат и палестинскиот Хамас бидејќи расте загриженоста за радикализација на децата.

-Националсоцијалистичкиот поредок, познат како Атомвафен дивизија, им се придружува на исламистичките групи Хајат Тахрир ал-Шам и Хурас ал-Дин на листата на забранети организации, рече министерката за внатрешни работи Карен Ендрјус.

Военото крило на Хамас, Бригадите на Хамас, Из ал-Дин ал-Касам, се води како терористичка организација од 2003 година.

Со Националсоцијалистичкиот поредок кој се залага за глобална „расна војна“ и колапс на демократските општества, бројот на забранети групи во Австралија се искачи на 28.

Две исламистички групи, двете активни во сириската граѓанска војна, ќе бидат додадени на списокот во април.

„Ставовите на Хамас и насилните екстремистички групи наведени денес се длабоко вознемирувачки и нема место за такви ставови во Австралија“, рече Карен Ендрјус.

Австралиската безбедносна разузнавачка организација минатата недела соопшти дека ограничувањата воведени поради пандемијата на коронавирусот придонеле за зголемување на радикализацијата на Интернет во последниве години, бидејќи изолираните луѓе поминуваат повеќе време на интернет.

Процентот на нови истраги против тероризмот во кои се вклучени малолетници е зголемен од помалку од три на 15 отсто за само неколку години, додава организацијата.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот