Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз/фото: EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG

ВИДЕО: Алкараз по пресврт го совлада Синер за прво финале на „Ролан Гарос“

Карлос Алкараз и Јаник Синер одиграа спектакуларен меч во полуфиналето на „Ролан Гарос“, а на крајот по четири часа тенис победи Шпанецот Алкараз – 3:2 (2:6, 6:3, 3:6, 6:4, 6:3 ).

Синер, од понеделник тенисер број еден на планетата, му пружи добар отпор на моќниот „Карлитос“, но се чини дека од него се очекуваше повеќе. Имаше моќенс старт, поведе со 4:0 и рутински дојде до 1:0 во сетови.

Алкараз имаше одговор во следниот сет, рутински го доби со 6:3, за во третиот Синер да поведе со идентичен резултат од 2:1.

Алкараз не се предаде, го возврати ударот, најпрвин израмни на 2:2 откако го доби четвртиот сет со 6:4 и го внесе мечот во петтиот сет, во кој набрзина стартуваше со 3:0. Тој продолжи да ги контролира поените, најде ритам кој му одговара и на крајот стигна до голема победа.

Шпанскиот тенисер се пласираше во своето прво финале на „Ролан Гарос“, а таму в недела ќе се сретне со подобриот од дуелот Каспер Руд (Норвешка) – Александeр Зверев (Германија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот