Протест ССМ / Фото „Слободен Печат“ Методи Здравев
Протест ССМ / Фото „Слободен Печат“ Методи Здравев

ВИДЕО | „500 евра плата за нас ви се многу а 5 илјади евра за викенд во Грција ви се малку“, рекоа работниците на синдикалниот протест

Протестот на Сојузот на синдикатите е проследен со незадоволство и од Сојузот на стопански комори. Синдикалците и работниците пред зградата на Стопанската комора упатија жестоки критики кон сопствениците што шуруваат со владата на сметка на работничките права.

Синдикалците рекоа дека тие го заработуват лебот за газдите а добиваат само трошки. Пред зградата на Стопанска Комора упатија свирежи кон работодавачите кои седат со владини функционери и упатуваа извици „лопови“.

-Да живее денот на трудот. Овие позади се газди бескичмењаци кои 30 години ни ја пијат крвта со памукче. На тие што 500 евра плата за нас им е многу а 5 илјади евра за викенд во Грција им се малку. Ние им го создадовме капиталот и имаме право на дел од тој капитал, изјави синдикалец пред зградата на Стопанска Комора.

Синдикалците се упатија кон зградата на владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот